Дома Трансфер зона Ливерпул се вклучи во трката за Гакпо

Ливерпул се вклучи во трката за Гакпо


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Манчестер Јунајтед доби сериозна конкуренција за потписот на холандската ѕвезда, Коди Гакпо, пренесуваат медиумите на Островот.

22-годишната ѕвезда на ПСВ одигра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а на Мундијалот е една од најголемите ѕвезди.

Манчестер Јунајтед веќе подолго време се обидува да го доведе на „Олд Трафорд“, но сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Ливерпул.

ПСВ после одличните партии сигурно нема да го пушти за помалку од 80 милиони евра, а Ливерпул започнал преговори со неговиот агент.

Двата англиски гиганти ќе водат голема битка за неговиот потпис, а Гакпо веќе потврди дека сака кариерата да ја продолжи во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед не се откажува од Деклан Рајс

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Вест Хем одбил понуд…