Дома Топ вести Ливерпул сака да го „украде“ Гави од Барселона

Ливерпул сака да го „украде“ Гави од Барселона

Шпанските медиуми пренесуваат дека Ливерпул е силно заинтересиран за 17-годишниот талент на Барселона, Гави и сака да го донесе на „Енфилд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Актуелниот договор на Гави истекува во јуни 2023 година, а во него има откупна клаузула од „само“ 50 милиони евра.

Гави блесна оваа сезона и со своите настапи ја импресионираше цела Европа, па на 17 години веќе е стандарден член на шпанската репрезентација.

Поради тоа Барселона веќе започна преговори за продлжување на соработката, но преговорите не одат во добра насока.

Пред да биде потпишан договорот, Ливерпул ќе се обиде да го „украде“ Гави и да ја плати откупната клаузула.

Меѓутоа, конечната одлука сепак ќе ја има самиот фудбалер, а се чини дека тој преферира да остане на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…