Дома Топ вести Ливерпул и Милан ја сакаат ѕвездата на Фламенго

Ливерпул и Милан ја сакаат ѕвездата на Фламенго

Ливерпул е силно заинтересиран за играчот за врска на Фламенго, Жоао Гомес, пренесуваат англиските медиуми.

„Црвените“ имаат потреба од засилување на средниот ред, особено поради фактот што Клоп не е задоволен од Артур, па ќе се обидат да го донесат 21-годишниот талент во јануари.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Гомес од 2020 година е во првиот тим на Фламенго и во последно време игра фантастично, па дури го истисна Видал од стартниот тим.

Тој има договор со Фламенго до 2025 година, но неколку европски гиганти покажуваат сериозен интерес. Милан исто така ја следи ситуацијата и е спремен да испрати понуда.

Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент. „Црвените“ сакаат да го доведат во јануари, а неговата цена во моментов е околу 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…