Дома Трансфер зона Ливерпул и Арсенал ја сакаат ѕвездата на Виљареал

Ливерпул и Арсенал ја сакаат ѕвездата на Виљареал

Неколку европски гиганти покажуваат силен интерес за нигерискиот напаѓач од Виљареал, Самуел Чуквуезе.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


23-годишниот крилен напаѓач минатата сезона беше хит во Лигата на шампиони, а и оваа сезона игра одлично во дресот на Виљареал.

Чуквуезе сака да направи чекор напред во кариерата и ова лето да ја промени средината, па одби да го продолжи договорот со Виљареал кој истекува во 2024 година.

Поради тоа „жолтата подморница“ ќе мора да го продаде на лето, а интерес за него покажуваат Ливерпул, Арсенал, како и Реал Мадрид.

Нигериецот оваа сезона има постигнато 13 гола и 11 асистенции, а Виљареал за неговата слобода бара 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…