Дома Фудбал Англија Ливерпул или „Салах ФК“: Знаете ли за колку бодови на Ливерпул е заслужен само Салах?

Ливерпул или „Салах ФК“: Знаете ли за колку бодови на Ливерпул е заслужен само Салах?

Eгипетскиот велемајстор Мохамед Салах е заслужен за најголемиот број на бодови кои Ливерпул ги освои оваа сезона, како и што „црвените“ се во добра позиција да се пласираат во финалето од Лигата на шампионите.

Во првата сезона во дресот на Ливерпул, Салах на 34 одиграни натпревари во Премиер лигата постигна 31 погодок и запиша 10 асистенции, а само од неговиот учинок тимот од „Енфилд“ освои 53 бодови.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Табелата која ја направи новинарот Ендрју Бесли ги смета само бодовите за кои е заслужен Египќанецот, па начинот го објасни со следните примери.

– Ако Ливерпул одиграл нерешено 2:2 и Салах постигнал еден гол, „црвените“ не би добиле ниту еден бод, туку крајниот резултат би се сметал 2:1.

– Ако Салах асистирал два пати и постигнал еден гол во победа од 5:3, Ливерпул би добил само еден бод

Неверојатниот Салах како што кажавме е заслужен за 53 бодови што спектакуларен учинок за било кој фудбалер.

Само со неговите голови и асистенции Ливерпул би бил седми на табелата и тоа е навистина неверојатно, па многумина Ливерпул го нарекоа „Салах ФК“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Бомба“: Поранешниот тренер на Јувентус и Челзи нов селектор на Србија?!

Маурицио Сари, наводно ќе биде новиот селектор на фудбалската репрезентација на Србија, ак…