Дома Фудбал Англија Ливерпул – Атлетико за градот на „Битлси“ може да биде она што беше Аталанта – Валенсија за Бергамо

Ливерпул – Атлетико за градот на „Битлси“ може да биде она што беше Аталанта – Валенсија за Бергамо

Бројот на заразени во градот на Битлси од коронавирусот се искачи на 309, а експертите сметаат дека причина за зголемувањето е натпреварот помеѓу Ливерпул и Атлетико на „Енфилд“.

Слична ситуација која е потврдена се случи во Бергамо кој е еден од најпогодените градови во Европа од коронавирусот. Аталанта во Милано (таму веќе имаше потврдени случаи на корона) каде што ги игра натпреварите од ЛШ играше пред 40.000 свои навивачи кои допатуваа од Бергамо играше против Валенсија, а неколку дена по враќањето дома во Бергамо започна да се шири Ковид-19. Итаијанските доктори, но и градоначалникот потврдија дека тој натпревар бил биолошка бомба.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сега за слично сценарио зборува директорот на градскиот совет за јавно здравје во Ливерпул, Метју Ештон. Според него натпреварот помеѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид одигра на 11 март на „Енфилд“ може да биде причина за ширењето на Ковид-19 во овој град.

„Не беше исправна одлука тој натпревар да се организира. Луѓето не носат намерно лоши одлуки. Можеби тогаш работата не беше сфатена сериозно. Иако нема да дознаеме, но натпреварот помеѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид можеби е една од главните причини за порастот на бројот на заразени во Ливерпул. Дефинитивно тој ќе биде на нашиот спсиок за истражување“, изјави Ештон.

На денот на одигрувањето на реваншот кога Ливерпул играше пред 54.000 свои навивачи, а 3.000 допатуваа од Мадрид во Ливерпул имаше потврдено само шест случаи на коронавирус во овој момент се 309.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лео Меси нема да игра за Аргентина на претстојните два натпревари

Мартовскиот репрезентативен термин ќе го користи и селекцијата на Аргентина, но „Гаучосите…