Лос Анџелес Лејкерс има на план да направи тројка од соништата.
Според американските медиуми, Лејкерси во наредниот период ќе се обиде да создаде голема тројка за наредната сезона.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Покрај Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, екипата би требало да се засили и со Крис Пол.
Пол неколку години се поврзува со Лејкерс. Сепак, никогаш не го облече дресот на овој клуб, па покрај Њу Орлеанс играше уште и за Клиперс, Хјустон и Оклахома.
Меѓутоа, сега конечно би можел да заврши во Лејкерси.
Крис Пол во кариерата има скор од 18.5 поени и 9.5 асистенции по натпревар.