Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни 11 натпревари.
Лос Анџелес Лејкерси не запираат. На свој паркет го победија Мајами со 95:80 и така врзаа седум победи прв после 2011 година.
Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓
Лидерот на западот до новата победата беше предводен од главните ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.
Инаку, Лејкерси беа во водство скоро во текот на целиот натпревар, освен краток период во втората четвртина. Мечот беше решен во третата четвртина, иако гостите се обидуваа да се вратат во последниот период, но тоа не им успеа.
Ентони Дејвис беше најефикасен во својот тим со 26 поени, додека Леброн постигна поен помалку. Кај Хит се истакна Џими Батлер со 22 поени.
Голден Стејт (без најголемите ѕвезди) запишаа пораз на гостувањето кај Минесота. Видовме исклучително интересен натпревар, а Минесота славеше со резултат 125:119. На Вориорсите не им помогна ни рекордот на кариерата на Д’Анџело Расел кој постигна 52 поени. Додаде уште девет скока и пет асистенции.
На другата страна одличен беше Вигинс кој уфрли 40 поени. Карл Ентони Таус оствари дабл-дабл учинок од 20 поени и 14 скокови.
Бојан Богдановиќ продолжи да игра одлично во дресот на Јута, па својот тим го водеше до нова домашна победа над Милвоки Бакс. Хрватскиот кошаркар постигна 33 поени и успеа да погоди тројка со звукот на сирената за победа на Јута од 103:100.
Bojan Bogdanovic wins the game at the buzzer pic.twitter.com/yyoZMGaHdi
— The Render (@TheRenderNBA) November 9, 2019
Антетокумпо беше најефикасен во Бакси со дабл-дабл учинок од 30 поени и 13 скокови.
Сакраменто Кингс запишаа победа над Атланта со резултат 121:109.
Кингси во своите редови имаа неколку расположени кошаркари, па така Хилд уфрли 22, Богдан Богдановиќ 20, Фокс 17, Барнс 16, а Немања Бјелица 13 поени.
Денвер режираше пресврт на домашен терен против Филаделфија. Гостите од Филаделфија на отварањето на последната четвртина имаа дури +21, меѓутоа Наџентси успеаа да слават со 100:97. Клучните поени за пресврт и победа на Наџентс ги погоди Јокиќ.
Јокиќ во победничкиот оствари дабл-дабл од 26 поени и 10 скокови, дабл-дабл имаше и неговиот соиграч Џамал Мареј со 22 поени и 11 асистенции.
Nikola Jokic sinks the @nuggets game-winner in #PhantomCam! #MileHighBasketball pic.twitter.com/r9GhY6DXx1
— NBA (@NBA) November 9, 2019
Паскал Сиакам пружи одличен настап (44 поени, 10 скокови) и така ги предводеше Рапторси до победа над Њу Орлеанс Пеликанс со 122:104.
Лука Дончиќ одигра одличен натпревар, но не му помогна на Далас да го избегне поразот од Никси. Тимот од Њу Јорк славеше со резултат 106:102.
Младиот Словенец натпреварот го заврши со 38 поени, 14 скокови и 10 асистенции и така најмладиот кошаркар кој успеал да постигне четири трипл-дабл во првите осум натпревари во една НБА сезона. Исто така стана и четвртиот играч на кој тоа воопшто му успеало, после Маурис Стокс, Оскар Робертсон и Расел Вестбрук. Постигнатите 38 поени се негов рекорд на кариерата во НБА.
НБА резултати:
Индијана – Детроит 112:106
Орланд – Мемфис 118:86
Вашингтон – Кливленд 100:113
Атланта – Сакраменто 109:121
Минесота – Голден Стејт 125:119
Њу Орлеанс – Торонто 104:122
Далас – Њујокр Никси 102:106
Денвер – Филаделфија 100:97
Јута – Милвоки 103:100
Портланд – Бруклин 115:119
Лејкерс – Мајами 95:80