Ван де Бек не е задоволен од статусот кој го има на „Олд Трафорд“ и сака да ја промени средината.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Холанѓанецот никогаш не ги оправда очекувањата во Манчестер Јунајтед, па иско Тен Хаг одлучи да го задржи во тимот, сепак не му дава голема минутажа.




Ван де Бек сака да го напушти Манчестер Јунајтед, а најсилен интерес за него покажува Лестер, кој сака да го донесе во јануари.




Брендон Роџерс е симпатизер на квалитетите на Холанѓанецот и верува дека идеално ќе се вклопи во неговиот тим, притоа ќе биде наследник за Тилеманс, кој заминува на крајот на сезоната.




Лестер е спремен да понуди 15 милиони евра, сума која ќе ги задоволи апетитите на „црвените ѓаволи“.