Играчот за врска на Монако, Томас Лемар очигледно има голема желба да заигра во англиската Премиер лига.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Лемар во разговор за „Telefoot“ изјави дека е разочаран што претходно Монако одби да го продаде на Арсенал и Ливерпул, па сега се надева дека овие клубови повторно ќе „чукнат“ на вратата на францускиот тим.
„Нема да го сокријам тоа, бев малку разочаран, но се обидувам да не размислувам за тоа. Продолжив да работам, па се надевам дека овие клубови и следното лето ќе испратат понуди“, изјави Лемар.
Лемар има договор со Монако до летото 2020. година, а наводно франускиот клуб бара речиси 90 милиони евра за својот играч, кој оваа сезона постигна три гола со осум асистенции на 29 натпревари. Во петокот играше против Колумбија во дресот на Франција на пријателскиот натпревар, а најверојатно ќе го промени клупскиот дрес на крајот на сезоната.