Дома Фудбал Англија Легендата се враќа на „Стенфорд Бриџ“

Легендата се враќа на „Стенфорд Бриџ“

Челните луѓе на Челзи сериозно ја разгледуваат идејата да ја назначат легендара Френк Лампард за нов технички директор на клубот, на местото на Мајкл Еменело, кој вчера беше отпуштен.

Еменело започна да работи на „Стенфорд Бриџ“ во 2007 година, а во 2011 година беше назначен за технички директор. Наводно поради расправија со тренерот Антонио Конте вчера му беше врачен отказ.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Англиските медиуми тврдат дека фаворит за испразнетото место е легендара на Челзи, Френк Лампард, кој ја заврши кариерата во февруари оваа година.

Лампард кариерата ја започна во Вест Хем, но најголемите успеси ги постигна на „Стенфорд Бриџ“. Тој дресот на Челзи го носеше 13 години и три пати ја освои Премиер лигата, еднаш Лигата на шампиони и уште многу други трофеи.

За „сините“ одигра вкупно 648 натпревари на кои постигна 211 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Брахим Дијаз се враќа во Милан

Брахим Дијаз се врати во Реал Мадрид и одигра солидни две сезони, но во последно време доб…