Дома Фудбал Англија Легендата на Јунајтед смета: Направив голема грешка кога го отпуштивме Дејвид Мојс

Легендата на Јунајтед смета: Направив голема грешка кога го отпуштивме Дејвид Мојс

0

Шкотскиот стратег, Дејвид Мојс не требало да ја напушти клупата на Манчестер Јунајтед после само седум месеци, така барем тврди легендарниот чувар на мрежата, Петар Шмајхел.

Поранешниот дански голман смета дека на Мојс требало да му се даде повеќе време и дека тој бил вистинскиот избор откако Сер Алекс си заминал.

Ќе потсетиме, Мојс го превззема клубот летото 2013 година, но не изржа ни една цело сезона, а него го наследи Гигс. Подоцна дојде Луис Ван Гал, потоа и Мурињо.

Сепак, никој од нив не ги исполни очекувањата. На Солскјер засега му оди одлично.

Меѓутоа спортед Шмајхел, Јунајтед требало да му даде повеќе време на Мојс.

„Ако за нешто треба да жалиме како Манчестер Јунајтед, тогаш тоа е затоа што прерано го отпуштивме Дејвид Мојс. Мислам дека требаше да му се даде повеќе време. Тој има се што е поттребно. Постоеа многу работи кои требаше да ги научи, но немаше од кого. Мислам дека многу ќе му помогнеше ако во тоа време Мајк Филан останеше на местото помошник“, изјави поранешниот дански голман.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Траеше цела вечност: Дали ова е најспориот изведен пенал на сите времиња?

Во англиски Чемпионшип вчера се одиграа натпреварите од 3. коло. Барнсли на свој терен го …