ЛЕГЕНДАРНИОТ напаѓач на италијанската репрезентација Тото Скилачи заврши во болница во Палермо.
Информацијата ја потврди и неговото семејство: „Нашиот сакан Тото е во стабилна состојба и е следен од лекари деноноќно. Форца, Тото“, се вели во соопштението на семејството Скилачи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поранешниот центарфор на италијанската репрезентација сега има 59 години, а веќе извесно време се бори со тешка болест.
Најпознат е по одличните настапи на Светското првенство во 1990 година, кога беше најдобар стрелец на турнирот со шест гола. Играше за Месина, Јувентус, Интер и јапонски Џубило Ивата.
Тој постигна повеќе од 200 гола во кариерата и двапати го освои Купот на УЕФА, еднаш со Јувентус и еднаш со Интер.