Тимот на Енис, Барди денес конечно дури во 20. коло во Ла Лига стигна до првата победа во сезоната.
Леванте денес беше подобар од Мајорка со 2:0. Во победата важна улога одигра и македонскиот репрезентативец кој направи се и го намести голот на Роберто Солдадо кој беше негов првенец за овој тим, така и се отвори резултатот. Барди успеа да ја пренесе топката преку центарот по додавањето од голманот Фернандез, а потоа и одлично да го проигра Солдадо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
До водството Леванте дојде во 47. минута и можеше да го изгуби во на 20-тина минути пред крајот. Мајорка доби пенал, но Фернандез го одбрани ударот на Оливан. Потоа ВАР поништи и гол на Мајорка поради играње со рака. Точка на натпреварот стави Моралес во 97. минута.
За Леванте во Ла Лига ова беше победа после 273 дена.