Дома Фудбал Лига на шампиони Левандовски со вчерашниот хет-трик испиша историја – ова не му успеало на никој друг!

Левандовски со вчерашниот хет-трик испиша историја – ова не му успеало на никој друг!

Роберт Левандовски одлично ја започна сезоната во Лигата на шампионите во дресот на Барселона.

Полскиот голгетер вчера постигна хет-трик во победата против Викторија Плзен од 5:1. Со овој хет-трик, Левандовски го запиша своето име во историјата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Полјакот стана првиот фудбалер кој постигнал хет-трик за три различни екипи во најелитното европско натпреварување. Претходно тој по три гола постигнуваше во дресот на Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.

За „милионерите“ Левандовски има еден хет-трик, додека во дресот на Баерн стигна до четири хет-трика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ангеловски им даде поддршка на македонските фудбалери пред мечот со Данска (ФОТО)

Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски испрати поддршка до репрезентативците пред…