Дома Фудбал Лига на шампиони Левандовски вечерва го руши рекордот на Роналдо

Левандовски вечерва го руши рекордот на Роналдо

Голгетерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски има шанси вечерва да го сруши рекордот на Кристиано Роналдо.

Баерн вечерва ја започнува одбраната на титулата против Атлетико Мадрид, а ударна игла во нападот повторно ќе биде Левандовски.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Минатата сезона Баерн сруши рекорд во Лигата на шампиони и стана првиот тим кој станал шампион со сите победи во таа сезона.

Нивната „низа“ од 11 победи може да биде продолжена, а вечерва додатен мотив ќе има и Роберт Левандовски.

Полјакот може да стане првиот фудбалер во историјата кој ќе постигне 10 голови во низа во групната фаза.

Моментално рекордот го држи Кристиано Роналдо со 9 гола во периодот од 2012 до 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Павел Недвед доби условна казна затвор

СУДИЈКАТА во Рим во понеделникот го прифати барањето за спогодба за признавање на вината о…