Дома Фудбал Лацио во проблеми: Остана без Имобиле, а го чекаат тешки натпревари

Лацио во проблеми: Остана без Имобиле, а го чекаат тешки натпревари

Лацио го победи Сасуоло, но во овој триумф изгледа дека Маурицио Сари остана без Чиро Имобиле.

Имобиле се пожали на повреда и беше принудно заменет во првиот дел на гостувањето на Лацио, а деталните прегледи не донесоа голем оптимизам кај стручниот штаб.

 Според информациите повредата на Имобиле е од прв степен, па иако Лацио не ја прецизира должината на паузата се очекува Имобиле да биде отсутен две до три недели.

За Сари проблемот е уште поголем ако се знае дека во следниот период Лацио ќе игра против Милан, Фиорентина, Верона и Аталанта.

Од почетокот на сезоната Имобиле постигна осум гола на 18 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ноќта кога пукна во Селтик: Роџерс замина, О’Нил се врати од пензионерскиот мир

Пред точно една година, оставката на Брендан Роџерс го потресе Селтик, а клубот побара при…