ПСЖ веќе ја започна потрагата по замена за Килијан Мбапе, кој на крајот на сезоната ќе го напушти клубот како слободен агент.
На радарот на „светците“ се две ѕвезди од Серија А и ќе се обидат да доведат барем една од нив во Париз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прва мета е голгетерот на Интер, Лаутаро Мартинез кој игра фантастична сезона и е прв стрелец во Серија А во моментов.
Лаутаро се уште не успева да најде заеднички јазик со Интер за продолжување на договорот.
ПСЖ му нуди двојно повисока плата и е спремен да понуди 120 милиони евра за неговиот потпис.