Дома Топ вести Лапорта: Преговорите со Меси течат добро, се надевам дека ќе потпише

Лапорта: Преговорите со Меси течат добро, се надевам дека ќе потпише

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта потврди дека преговорите со Меси за нов договор течат добро и се надева дека Аргентинецот ќе остане на „Камп Ноу“.

Актуелниот договор на Меси истекува на крајот на јуни, па тој е слободен да преговара и со други клубови, но во редовите на Барселона постои оптимизам.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


„Преговорите со луѓето на Меси течат добро и се надевам дека ќе продолжиме заедно. Се уште ништо не е готово, но ние знаеме дека Лео сака да остане. Сигурен сум дека е вистина тоа што го кажа Агуеро дека сака да игра со Меси“, изјави Лапорта и потврди дека ќе има нови засилувања ова лето.

Последните информации од Каталонција се дека двете страни се многу блиску до договор и Меси наскоро ќе стави потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона не планира да доведе замена за Гави

Порано оваа недела Барселона потврди дека Гави ќе биде надвор од терените во следните 4-5 …