Eктор Белерин и Маркос Алонсо се нови фудбалери на Барселона, oва го потврди претседателот на Барселона Жоан Лапорта, но на навивачите ќе им се допадне и вториот дел од неговата изјава.
Имено, Лапорта не сакаше премногу да открие, само најави дека има изненадување за фановите во текот на вечерта.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Да, Белерин и Алонсо се завршени, но ќе има уште изненадување за фановите вечерва“, гласеше изјавата на првиот човек на Каталонците.
Белерин во Барселона пристигнува откако го раскина договорот со Арсенал, додека Алонсо е дел од преселбата на Обамејанг во Челзи.