Фелипе Кутињо вчера беше претставен во Астон Вила, а истакна дека Стивен Џерард бил најзаслужен за неговиот трансфер во овој клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Џерард одиграл круцијална улога во комплетирање на трансферот на Бразилецот.
„Разговарав со Џерард, ми објасни како стојат работите во клубот и какви се амбициите. Знам колку е амбициозен и дека секогаш има големи планови. По состанокот со него немав дилеми. Јасно ми беше дека сакам да дојдам во Астон Вила и сакав се брзо да се заврши. Среќен сум што сум тука и едвај чекам да покажам знам на теренот, сакам да уживам во фудбалот“, изјави Кутињо.
Задоволството од трансферот на Кутињо не го криеше и Џерард.