Дома Фудбал Кутињо крстен во када во својот дом во Минхен (ФОТО)

Кутињо крстен во када во својот дом во Минхен (ФОТО)

Фелипе Кутињо иако сега игра во Баерн се уште е најскапиот играч во историјата на Барселона. Кутињо во Баерн игра како позајмен играч оваа сезона.

Сега бразилскиот фудбалер беше крстен во својот дом во Минхен. Обредот го извршил бразилскиот свештеник Тиаго Брунет кој дошол од Мајами каде што живее со цел да го крсти Кутињо и неговата сопруга.

Ќе потсетиме Барселона за Кутињо плати оштета од 140 милиони евра. Сепак, во Каталонија не успеа да се наметне, па сега се обидува да ја оживее кариерата во Баерн.

Германскиот шампион за позајмицата плати 8.5 милиони евра, а ќе може да го откупи идното лето за 120 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хајдук пред европски пресврт: Две победи му отворија пат до огромен скок

Максималниот старт во Конференциската лига не носи само бодови: сплитскиот клуб има шанса …