Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта сака да го види Андреа Пирло како наследник на Роналд Куман, пренесуваат каталонските медиуми.
Куман после лошите резултати на стартот на сезоната сериозно ја загрози својата позиција и Барселона размислува да му врачи отказ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Покрај Пирло, на списокот на Каталонците се и други имиња како легендата Чави Ернандес, Марсело Биелса, Антонио Конте и Ерик Тен Хаг.
Меѓутоа, каталонските медиуми пренесуваат дека Пирло во моментов е прв избор и најреална опција за наследник на Куман.
Пирло минатата година седеше на клупата на Јувентус, но доби отказ откако заврши на 4-то место во Серија А.
Сепак, Лапорта верува дека Италијанецот има напаѓачки фудбал близок на филозофијата на Барселона и дека одлично ќе се вклопи на „Камп Ноу“.
📺 El entrenador preferido por #Laporta en estos momentos para sustituir a koeman sería Andrea Pirlo. #barça #BarcaGranda #koeman #koemanout en https://t.co/vrsj4Xxjlb
— Gerard Romero (@gerardromero) September 20, 2021