Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Куман не може глава да крене: Потврден кошмарот за Холандија пред ЕП!

Куман не може глава да крене: Потврден кошмарот за Холандија пред ЕП!

Холандскиот фудбалер Теун Копмајнерс ќе го пропушти Европското првенство поради повреда, соопшти денеска Фудбалскиот сојуз на Холандија.

Тој се повреди на загревањето пред последниот подготвителен натпревар на Холандија против Исланд пред почетокот на Европското првенство.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Шампионатот поради повреда ќе го пропушти и Френки Де Јонг, потврди претходно селекторот на Холандија Роналд Куман, а денеска наместо него го повика играчот на Борусија Дортмунд, Јан Матсен.

Отсуството и на Компјанерс значи дека средниот ред на Холандија ќе биде значително ослабен на овој турнир бидејќи станува збор за двајцата најважни фудбалери за Куман во средината.

Првиот натпревар на првенството Холандија го игра против Полска во недела, а во нејзината група се уште Франција и Австрија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Бомба од Олд Трафорд! Керик носи играч од средниот ред за 80 милиони евра!

Многу е веројатно дека Манчестер Јунајтед следната сезона сепак ќе игра во Лига на шампион…