Дома Фудбал Куман: Му верувам на Лапорта, но загрижен сум за Меси

Куман: Му верувам на Лапорта, но загрижен сум за Меси

Лионел Меси во моментов е слободен играч откако му заврши договорот со Барселона минатиот месец.

Во моментов Барселона не може да го потпише новиот договор бидејќи има сериозни финансиски проблеми.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Преговорите со агентите на Меси течат добро, но за договорот да биде потпишан, Барселона најпрво ќе мора драстично да ги намали расходите за плати.

Тренерот на Барселона, Роналд Куман призна дека е загрижен за иднината на Меси, но сепак му верува на претседателот Лапорта кој прави се за да го задржи Аргентинецот.

„Кога се не е завршено, мора да бидеме загрижени. Сепак, јас имам верба во претседателот и тој ме уверува дека ќе ја реши оваа тема. Многу е важно за Барселона, но и за Ла Лига останувањето на Меси. Јас не сум инволвиран во преговорите, но му верувам на Лапорта“, изјави Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рио Фердинанд има свој фаворит за освојување во Премиер лигата, го прогнозираше и дербито за викендот!

Рио Фердинанд ги издвојува Ливерпул како фаворит за титулата во Премиер лигата и верува де…