Дома Фудбал Англија Кулушевски: Не бев среќен во Јувентус, не сум видел некој како Конте

Кулушевски: Не бев среќен во Јувентус, не сум видел некој како Конте

Дејан Кулушевски не беше среќен во Јувентус, но се препороди во дресот на Тотенхем.

Иако и понатаму има договор со Јувентус, никој не верува и не очекува негово враќање во Торино бидејќи се очекува Тотенхем да го откупи. Ако Конте остане на клупата, Кулушевски нема премногу да размислува.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Не бев среќен во Јувентус и преминувањето во Тотенхем беше најдобрата одлука за мене. Пресреќен сум за соработката со Конте. Верувајте ми никогаш во животот не сум видел некој толку мотивиран како што е Конте. Неговите зборови доаѓаат право до вашето срце“, изјави Кулушевски.

Интересно е што во последно време медиумите шпекулираат за можно враќање на Конте во редовите на Јувентус поради лошите резултати на Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти: “Нејмар има доволно време да се спреми за СП”

Селекторот на Бразил Карло Анчелоти изјави дека Нејмар сè уште е во конкуренција за играчи…