Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандез ќе отсуствува до крајот на сезоната поради операција на абдоменот, пишува аргентинскиот весник „Оле“.
Фернандез трпеше и играше со болки, а имаше опција лекувањето да се префрли на лето. По консултација со лекарите на Челзи и аргентинската репрезентација, одлучено е веднаш да се реагира за да не настане поголем проблем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Исто така намерата е Фернандез да биде подготвен за Копа Америка која стартува на 20 јуни.
Членот на шампионскиот тим на Аргентина од Катар пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од Лисабон во јануари 2023 година во трансфер вреден 121 милион евра. Неговите настапи оваа сезона не се на високо ниво, а не е ниту целиот тим на Челзи.
Фернандез оваа сезона одигра 40 од 45 натпревари за лондонскиот клуб.