Дома Трансфер зона Крај на агонијата за Французинот: Рабиот се договори со Реал?

Крај на агонијата за Французинот: Рабиот се договори со Реал?

Агонијата на францускиот фудбалер Адриен Рабиот полека се ближи кон крајот.

Според наводите на француските медиуми 23-годишниот играч од лето ќе стане нов играч на мадридски Реал со кој во претходните неколку дена успеал да договори соработка.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Рабиот не е во добри односи со тренерот на француската екипа, Томас Тухел веќе неколку месеци и поради тоа одби да го продолжи договорот.

Иако не игра за ПСЖ веќе неколку месеци, интересот за неговите услуги е огромен, а на крајот во конкуренција на Арсенал, Барселона, Манчестер Јунајтед и Реал, ги одбра Кралевите.

Последниот натпревар во дресот на францускиот првак Рабиот го одигра во декември, а оваа сезона настапи на вкупно 14 натпревари.

Потврда за трансферот на Рабиот од ПСЖ во Реал Мадрид би требало да се случи во наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…