Дома Фудбал Кој ќе биде најдобар светски фудбалер во изборот на ФИФА?

Кој ќе биде најдобар светски фудбалер во изборот на ФИФА?

Светската фудбалска организација ФИФА денеска го скрати списокот и ги номинираше фудбалерите кои ќе конкурираат за најдобар играч за периодот од 19-ти декември до 20-ти август.

Во битка за наградата се голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе од ПСЖ и Лионел Меси кој најмногу е во конкуренција поради освојувањето на Светското првенство со Аргентина.

Останувањето на овие тројца во игра беше и очекувано, а претходно на листата беа уште: Деклан Рајс, Бернардо Силва, Илкај Гундоган, Хулијан Алварез, Квича Кварацхелија, Кевин де Брујне, Марсело Брозовиќ, Родри и Виктор Осимен.

Наградата ФИФА ќе ја додели на церемонијата закажана на 15-ти јануари. Во гласањето учествуваат селекторите и капитените на репрезентациите, како и одреден број новинари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трент не планира камбек на „Енфилд“: Ќе се бори за место во Реал

Александер-Арнолд е во втор план кај Мурињо, но засега не размислува за враќање во Ливерпу…