Дома Фудбал Англија Коста им кажа „не“ на 13 милиони за едно тромесечје?!

Коста им кажа „не“ на 13 милиони за едно тромесечје?!

Диего Коста можеше да замине во Кина на краток период и да заработи вистинско богатство, но не сакаше да ја напушти Европа.

Шангај СИПГ и Тианјин Куанјиан понудија неверојатна сума за Диего да се пресели на Блискиот Исток и таму да остане до зимата, од каде што би заминал во Атлетико Мадрид.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Според информациите на „Сан“, Шангај на 28-годишниот Коста му понудил три милиони фунти за потпис до ноември, а покрај тоа би добил и 10 милиони фунти бонус ако клубот ја освои кинеската Супер лига. На тој начин Коста би заработил значително повеќе отколку на „Стемфорд Бриџ“.

„Во Шангај сметаа дека работата е завршена и дека оствариле голем трансфер, но Коста одлучи да не замине. Тоа е баш чудно, бидејќи би можел да остане во добра форма пред јануари и заминувањето во Атлетико, а и добро би заработил“, истакна извор од Шангај.

Неговиот агент, Мендеш во Кина работеше на големиот договор за Шпанецот, но тој едноставно одби да заигра во Кина, па без клуб ќе биде до стартот на новата календарска година, со оглед на тоа дека Антонио КОнте не смета на неговите услуги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатно промашување на Светското клубско првенство: Погледнете што промаши ѕвездата на Лос Анџелес

Челзи го совлада Лос Анџелес со 2:0 во Атланта во првото коло од групата Д на Светското кл…