Aнтонио Конте од вчера и официјално е нов тренер на Тотенхем.
Италијанецот одлучи да го прифати повикот од Лондон и да го води тимот кој долго време нема освоена титула. Конте во кариерата е човек кој имаше успеси и падови, а неговата тренерска кариера во нагорна линија почна да оди кога со Јувентус ја започна доминацијата во Серија А, за потоа и со Интер да дојде до Скудетото. Во Премиер лигата има трофеј со Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јас живеам во сегашноста тие работи се минато. Во Јувентус играв 13 години и освоив се. Потоа се вратив како тренер и освоив девет титули. Јас ја започнав доминацијата и ја завршив со Интер. Важно ми е тоа што сум го постигнал и горд сум. Тотенхем е нов предизвик и сакам и овој период да стане важен дел од мојата кариера“.
Контакти со Тотенхем имал и во текот на минатото лето.
„Постоеше контакт, но сакав да поминам време со моето семејство. Освен тоа бев емотивно празен после ситуацијата со Интер“, изјави Конте.