Дома Трансфер зона Конте се налути – ги сака ОВИЕ играчи веднаш!

Конте се налути – ги сака ОВИЕ играчи веднаш!

Останаа без Лукаку, но тоа би можело да биде и добро за Челзи.

Како што веќе пишувавме, се појавија гласини дека Антонио Конте не го сакаше Лукаку, и сега кога остана без него, ќе атакува по своите тактики.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Имено, се шпекулираше дека Лукаку беше желба на Роман Абрамовиќ и негивоиот советник, како што беше минатото лето со Бачуаи, па Конте сега може да се сврти кон своите желби.

Покрај тоа што e заинтересиран за доведувае на Мората и Белоти во нападот, Конте сега го сака и Хамес Родригез. Мадридскиот „АС“ ја пренесува приказната дека Конте ќе испрати понуда која би можела да го задоволи Флорентино Перез и ќе го натера да попушти и да го продаде Колумбиецот.

Челзи ќе има проблем на пазарот да победи неколку клубови, бидејќи за Родригез уште се заинтересирани и ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Интер.

Сепак, доколку Челзи одвои околку 150 милиони за Родригез и Белоти или Мората, Конте ќе има напад од соништата заедно со Азар, Педро и Вилијан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ спрема богата понуда за Тео Хернандес

Пари Сент Жермен е силно заинтересиран за левиот бек на Милан, Тео Хернандес, пренесуваат …