Дома Топ вести Конте и Мурињо спремаат спектакуларна трампа

Конте и Мурињо спремаат спектакуларна трампа

Интер е силно заинтересиран за играчот за врска на Тотенхем, Танги Ндомбеле, пренесуваат италијанските медиуми.

„Нероаѕурите“ веќе стапиле во контакт со Тотенхем и се распрашуваат за 23-годишниот играч, кој не добива голема минутажа кај Мурињо.

Откако продолжи првенството во Англија, францускиот репрезентативец запиша само два настапи и тоа влезе од клупата за резерви.

Ндомбеле минатото лето пристигна како големо засилување за 55 милиони фунти, но не се вклопува во формацијата на Мурињо.

Италијанските медиуми тврдат дека двата клуба може да договорат трампа во која ќе биде вклучен Милан Скриниар, кој е голема желба на Мурињо.

Трансфер експертот Ди Марцио тврди дека Интер е спремен да го „жртвува“ Скриниар за да го добие потписот на Ндомбеле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Лукаку донесе победа за Интер во Германија, конечно победа за Марсеј по 13 порази во ЛШ 🎥

Интересна вечер во Лигата на шампионите е зад нас. Еден од натпреварите со најголемо значе…