Дома Фудбал Италија Конте: Жалам што го напуштив Јувентус, но не и за средиот прст кон Ањели

Конте: Жалам што го напуштив Јувентус, но не и за средиот прст кон Ањели

Антонио Конте даде многу интересно интервју за италијанските медиуми и истакна дека жали што го напуштил Јувентус.

Конте после три освоени Скудета реши да го напушти Јувентус и влезе во расправија со тогашниот претседател Андреа Ањели.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Еден тренер може да има одредена желба цел живот, но да не постои начин да отиде и да работи во одреден клуб.Не отфрлам враќање во некој од поранешните клубови, жал ми е што го напуштив Јувентус по само три години. Тогаш гледав големи проблеми во некои ситни работи и решив да заминам“, истакна Конте.

Како тренер на Интер тој му покажа среден прст на Ањели при едно гостување во Торино.

„Тоа беше моја реакција затоа што почувствував недостиг на почитување. Не жалам за тој потег, бидејќи не почувствував дека од другата страна има каење за таквиот однос. Подоцна го расчистивме тоа“, објасни Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Албански навивачи провоцираа со „УЧК“ – Србите денес им одговорија!

На Европското првенство во Германија вчера силите на теренот ги одмерија Италија и Албаниј…