Дома Фудбал Останато Конте во новиот клуб ќе добие плата од 20 милиони евра по сезона?

Конте во новиот клуб ќе добие плата од 20 милиони евра по сезона?

После две сезони Антонио Конте ја напушти клупата на Интер.

Одличниот 51 годишен стратег од „нероаѕурите“ се прости со титулата шампион на Италија, а наскоро би можел да пронајде и нова работа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во овој момент Конте е најсериозен кандидат за клупата на Тотенхем.

Преговорите за негов ангажман се во тек и наскоро ќе биде јасно дали Италијанецот повторно ќе води тим од Премиер лигата.

Тотенхем е спремен да му понуди одличен договор на Конте. Наводно му нудат околу 20 милиони евра по сезона и ќе видиме дали на крајот ќе биде постигнат договор.

Конте од 2016 до 2018 година го водеше големиот ривал на Тотенхем, Челзи со кој ја освои титулата шампион, а покрај Интер ги водеше уште Јувентус, Сиена, Аталанта, Бари и репрезентацијата на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Повеќе нема трпение: Ѕвездата на Реал Мадрид на трансфер листа!

Како што пренесуваат шпанските медиуми, управата на Реал Мадрид реши во следниот преоден р…