Островските медиуми како на Антонио Конте да не му даваат никакви шанси.
Италијаните со задоволство би го поставиле за селектор, додека Англичаните веќе ги спакуваа куферите на Антонио Конте и упорно му бараат замена. Островските медиуми се убедени дека управата веќе му спремила отказ на Конте како и дека единственото прашање е кој ќе го наследи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Долго време се споменува Луис Енрике, но реномираниот „Телеграф“ кој во последните два или три преодни рока се “прослави” со точните информации, тврди дека шансите поранешниот тренер на Барселона да седне на клупата се се помали.
Енрике во последната сезона во Барселона заработуваше скоро 19 милиони евра што бруто е скоро двојно повеќе од она што го добива Конте.
Поради тоа се појавија две нови имиња. Томас Тухел и Маурицио Сари, за еден од овие двајца сумата која ја добива Конта (скоро 11 милиони евра) сигурно ќе биде доволна.
Проблем за Челзи е тоа што договорот на Конте истекува дури 2019 година и клубот би морал да го исплаќа Италијанецот додека тој не пронајде нов клуб.
Сега, колку Сари и Тухел се големи имиња за клупата на Челзи со оглед дека навикнавме на такви во последните неколку годни. Тухел не раздели на најдобар начин со Борусија Дортмунд, а таму не си прослави едноставно – не е топ класа.
Сари можеби е, но тоа би требало да го оправда со евентуалната титула во Серија А оваа сезона. Меѓутоа не е само до знаењето туку и до начинот на водење на тимот.
Сепак, како и да е останува времето да покаже дали ова е само уште една шпекулација на англиските медиуми или пак сценарио кое ќе се реализира.