Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо вели дека Златан Ибрахимовиќ би можел да игра за тој клуб и следната сезона.
Шведскиот напаѓач го напушти Јунајтед откако му истече едногодишниот договор, но постои можност да се врати.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Можно е, се е отворено. Ние сакавме да бидеме искрени и отворени и да го оставиме него да одлучи. Во исто време, ќе донесеме одлука со која сите ќе бидат среќни. Доколку тој може да чека до декември, бидејќи не верувам дека пред тоа ќе може да игра, зошто да не го задржиме?“, изјави Мурињо.
Ибрахимовиќ постигна 17 гола минатата сезона, но го повреди коленото во четвртфиналето во Лигата на Европа и од тогаш е надвор од теренот. За него е заинтересиран и Ла Галакси.