Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Коло Муани: Мбапе не гледа ништо поради маската

Коло Муани: Мбапе не гледа ништо поради маската

Напаѓачот на Франција, Рандал Коло Муани застана во одбрана на Мбапе и изјави дека воопшто не му е лесно поради маската.

Мбапе има дадено само еден гол на ЕП и тоа од белата точка, а дефинитивно се очекуваше повеќе од еден од најдобрите фудбалери во светот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Меѓутоа, Мбапе го скрши носот на првиот натпревар и од тогаш носи маска, а Коло Муани тврди дека му смета.

„Кога ја доби маската, можете да претпоставите дека ја пробав. Дури имам и слики со неа. Не се гледа ништо, навистина не се гледа. Сигурно е многу тешко да се игра со неа“, изјави Коло Муани.

„Првенството не е завршено, следуваат најтешките два натпревари, а Мбапе е најдобар кога е најпотребно“, заклучи Муани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Миовски во тимот на месецот во Примера

Македонскиот репрезнетативец Бојан Миовски во последно време игра одлично во дресот на Џир…