Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Колина: Со ВАР скоро сите одлуки беа исправни!

Колина: Со ВАР скоро сите одлуки беа исправни!

Првиот човек на Судиската комисија на ФИФА и поранешен италијански судија, Пјерлуиџи Колина даде свој комнетар за употреба на ВАР технологијата на Мундијалот во Русија.

Според Колина ВАР бил скоро безгрешен во групната фаза од Светското првенство, односно потенцираше дека со технологијата биле донесени 99,3% исправни одлуки.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Имавме 335 ситуации за време на 48 натпревари. Судиите без помош на ВАР донеле добри одлуки во 95% од случаите, а со помош на видео технологијата тој процент порасна дури на 99,3%“, истакна Колина.

„ВАР системот не е перфектен, никогаш нема да стигнеме до 100 проценти точност, но исто така во фудбалот и други работи не се перфектни. Но, благодарение на ВАР, после 48 натпревари немаме ниту еден скандал на мундијалот, тоа е најважно“, додаде легендарниот судија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Гарначо ставен на трансфер листа, сигурно го напушта „Олд Трафорд“

Алехандро Гарначо сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок, пренесу…