Италијанскиот фудбал после пет години повторно доживува колапс на европска сцена.
После вчерашната очекувана елиминација на Лацио од Баерн, италијанскиот фудбал остана без претставник во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Во последните 10 години Италијанците втор пат се наоѓаат во ваква ситуација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходно тоа им се случи во сезоната 2015/2016, очигледно италијанските клубови повторно се далеку од најсилните во Европа. Јувенус сакаше да ја промени ваквата ситуација со доведувањето на Кристиано Роналдо, но „старата дама“ веќе втора година во низа испаѓа во осминафиналето.
Од 2010 година кога Интер со генерацијата на Пандев стана европски шампиони, Италија има само три финалиња во Европа, Јувентус два пати беше финалист во ЛШ (2015 и 2017) и Интер лани во Лигата на Европа. Тоа навистина е премалку за земја како Италија.
0 – Per la prima volta dal 2015/16 l’Italia non porta nessuna squadra ai quarti di finale di Champions League. Buio.#BayernLazio #UCL pic.twitter.com/yfA5X2iSYS
— OptaPaolo (@OptaPaolo) March 17, 2021