Дома Видео Кога Кака елегантно ги понижи Евра и Хајнце (ВИДЕО)

Кога Кака елегантно ги понижи Евра и Хајнце (ВИДЕО)

Еден од најнезаборавните натпревари во Лигата на шампионите го одиграа Манчестер Јунајтед и Милан во сезоната 2006/2007.

Во тој натпревар Манчестер Јунајтед победи со 3:2. Меѓутоа првата асоцијација за тој натпревар е – Рикардо Кака. Милан тогаш изгуби, но Кака го постигна еден од најпознатите голови во Лигата на шампионите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во една контра Кака елегантно со само еден потег и мрднување на топката со глава ги испрати на земја Патрис Евра и Габриел Хајнце кои удрија еден во друг. По тој потег Бразилецот излезе еден на еден со Ван Дер Сар и не му беше тешко да ја смести топката во мрежата.

Потегот со главата е момент кој оние кои го гледале натпреварот сигурно го паметат како „вчера“ да се случи…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Веќе е познато: Ова е првиот фаворит за наследник на Мареска!

Италијанскиот тренер Енцо Маеска од денеска повеќе не е кормилар на Челси. Управата на „Си…