Според познатиот експерт за трансфери, Фабрицио Романо, хрватскиот фудбалер Матео Ковачиќ е блиску до трансфер во Манчестер Сити.
Италијанскиот новинар тврди дека Ковачиќ ги договорил личните услови и преостанува двата клуба да се договорат околу оштетата за трансферот да биде официјалзииран.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ковачиќ имаше договор со Челзи до крајот на јуни 2024 година, но по оваа турбулентна сезона во редовите на „сините“ сака да ја промени средината.
Не е познато колку лондонските „сини“ ќе бараат за него, но „Трансфермаркт“ го проценува на околу 40 милиони евра. Ако се земе предвид дека договорот му истекува следната година, реално тешко дека Сити ќе плати таква сума.
Ковачиќ во Челзи игра од 2018 година кога пристигна на позајица од Реал Мадрид. Една година подоцна потпиша договор со лондоснскиот клуб на пет години, односно до крајот на следната сезона. За Челзи одигра 221 натпревар, постигна шест и запиша 15 асистенции.
Во сезоната 2018/2019 беше шампион во Лига Европа, а во 2021 година ја освои Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.
More on Mateo Kovacic and Manchester City news revealed yesterday. Been told the agreement on the personal terms between Kovacic and City is really close, almost completed. 🚨🔵🇭🇷 #MCFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 1, 2023
Man City and Chelsea will be in direct contact to discuss the fee. Kovacic will leave. pic.twitter.com/sOd5iBLXNq