Италијанскиот стратег, Антонио Конте наскоро би можел да ги спакува куфеирте и да заработи отказ во Челзи по серијата очајни резултати во последно време.
Конте во првата сезона со „Плавите“ ја освои шампионската титула во Англија, но оваа сезона лондонскиот клуб игра непрепознатливо. Откако е понижен од Борнмаут и Вотфорд, англиските медиуми се сигурни дека Конте ќе заработи отказ, па е само прашање на време кога Роман Абрамович ќе го повлече тој потег.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Конте пред неколку дена истакна дека спие мирно бидејќи знае дека не е главен виновник за лошите резултати на својата екипа. А, зошто и да не спие добро кога во случај ако заработи отказ ќе заработи вистинско богатство од Челзи.
Доколку одлучат на „Стемфорд Бриџ“ да му се заблагодарат на соработката ќе мора да му исплатат на Конте дури 30 милиони евра поради тоа што неговиот договор ќе биде прекинат пред неговиот истек. Во тој случај, можеби и не е така лошо ако добие „клоца“.