Јирген Клоп го напушта Ливерпул по речиси девет години. Трофејниот специјалист кој ги направи „Црвените“ еден од најмоќните тимови во светот и освои се што можеше да се освои, заминува на крајот од сезоната.
Клоп несомнено е еден од најдобрите тренери на денешницата и сигурно е дека сите навивачи на Ливерпул се загрижени што ќе се случи со славниот клуб по заминувањето на Германецот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
И додека од една страна можат да се грижат за иднината, од друга страна можат да здивнат бидејќи Клоп никогаш повеќе нема да работи во Премиер лигата, што и самиот го потврди.
На прес-конференцијата пред натпреварот од ФА Купот против Норич, одличниот стручњак изјави дека може да тренира секаде, но дека друг клуб од Премиер лигата нема да го преземе дури и да гладува.
„Не знам што ќе се случи во иднина, но ниту еден клуб, ниту една земја, за следната година и ниту еден друг англиски клуб никогаш повеќе“, рече Клоп.
“Можам да го ветам тоа. Дури и да умрам од глад, никогаш нема да раководам со друг англиски клуб”, додаде Германецот.