Дома Фудбал Англија Клоп: Ќе биде тренерско ремек-дело ако брзо најдам излез од кризата

Клоп: Ќе биде тренерско ремек-дело ако брзо најдам излез од кризата

Aгонијата на Ливерпул продолжи и денес откако тимот на Јирген Клоп го запиша шестиот пораз во низа на домашен терен.

Трите бода од „Енфилд“ денес ги однесе Фулам. Ова е првпат уште од сезоната 1953/1954 Ливерпул да изгуби шест натпревар на „Енфилд“. Клоп после натпреварот призна дека неговиот тим е во криза и порача дека ќе им биде потребно чудо за да се вратат на вистинскиот пат.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ќе биде ремек-дело ако брзо најдам начин да излеземе од кризата. Ни треба чудо. Момците сакаат да се вратат и прават се, но проблемот е во нешто друго. Мораме да продолжиме да се обидувамеЗ“, изјави Клоп.

Во овој момент Ливерпул е седми на табелата со три бодови помалку и натпревар повеќе од четвртопласираниот Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Украина го прогласи за предавник, но судот му ги врати титулите на Тимошчук

Анатолиј Тимошчук доби статус на предавник во Украина иако беше фудбалска легенда на оваа …