Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп се налути на новинарите: Не сум тука да ви правам наслови

Клоп се налути на новинарите: Не сум тука да ви правам наслови

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп избувна за време на пресконференцијата пред вечерашниот меч со Наполи во Лигата на шампиони.

Клоп се налути кога беше прашан дали смета дека Наполи е опасен град за фановите на Ливерпул, кои направија нереди во Париз за време на финалето од ЛШ.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Сакате да ви правам наслови? Тоа е неудобно прашање од ваша страна и навистина  не го разбирам. Од Неапол сте и сметате дека овој град е опасен? Јас не знам, бидејќи не живеам тука. Не  и е јасно, ако нашите фанови имаат судири со други навивачи тоа нема врска со градот, може да се случи секаде. Не сум тука за да ви правам наслови“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Артета „пукна“ по поразот од Гвардиола, па носи „ѕвер“ од 185 милиони евра

Арсенал неодамна го загуби финалето на Карабао купот од Манчестер Сити и остана без тој тр…