Дома Топ вести Клоп прави стоперски тандем кој ќе биде „страв и трепет“

Клоп прави стоперски тандем кој ќе биде „страв и трепет“

Позицијата на втор стопер во Ливерпул е една од најранливите во тимот на Енфилд.

Јирген Клоп во последните години ги донесе посакуваните засилувања и стрпливо „скрои“ тим кој доминира во Премиер лигата.

Германскиот стручњак веќе во екипата го има најдобриот стопер на светот, Вирџил ван Дајк и има цел на Енфилд да направи одбранбен бедем од два „титани“, бидејќи сака да го донесе Калиду Кулибали.

Овој 28-годишен играч пред појавата на пандемијата вредеше 100 милиони евра, но таа цена поради новонастанатата ситуација сигурно ќе се намали, а добра вест за Ливерпил е што ПСЖ се откажа од негов ангажан.

Доколку Клоп успее да го донесе Кулибали со сигурност во следните години на располаѓање ќе го има можеби најдобриот стоперски тандем на светот.

„Црвените“ ќе имаат жестока конкуренција со оглед на тоа дека Сенегалецот во своите редови го посакуваат неколку европски гиганти.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед со играч од кој едвај чека да се ослободи сака да ја намали цената на Санчо

Манчестер Јунајтед се надева дека ќе ја намали цената на Џејдон Санчо кој се очекува ова л…