Дома Фудбал Клоп по дебаклот на Ливерпул: О, мој Боже…

Клоп по дебаклот на Ливерпул: О, мој Боже…

Аталанта на „Енфилд“ го декласираше Ливерпул со 3:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа.

Двоен стрелец кај гостите беше Џанлука Скамака, додека третиот гол го постигна хрватскиот репрезентативец Марио Пашалиќ во 83. минута.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп даде изјава откако неговиот тим го претрпе првиот пораз на домашен терен по 14 месеци.

“Ова беше навистина лош натпревар. О, Боже…” – започна Клоп, кој по девет години на клупата ќе го напушти Ливерпул на крајот на сезоната.

“Добро влеговме во натпреварот, но не продолживме така. И пред да постигнат гол, ги загубивме линиите на играта. Бевме насекаде, но никаде. Нашиот среден ред беше развлечен. Не го препознав веднаш, навистина беше чудно, додаде Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати двојките во полуфиналето на ФА купот – кој ќе го освои пехарот?

Фудбалерите на Манчестер сити ќе играат во полуфиналето на ФА купот против Саутемптон, как…