Дома Фудбал Англија Клоп откри кој е неговиот фаворит за титулата во Премиер лигата

Клоп откри кој е неговиот фаворит за титулата во Премиер лигата

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека Челзи се најголемите фаворити за титулата во Премиер лигата.

Челзи вложи сериозни финансиски средства во летниот преоден рок, изгради силен тим и игра одлично оваа сезона.

„Кога ги гледам натпреварите можам да забележам дека Тотенхем се навистина добри, но дека Челзи за мене изгледаат како фаворити. Имаат голем тим, страшни играчи и играат добро. Сега се во топ-форма и имаат многу опции на клупата“, истакна Клоп.

„Секогаш постои притисок, но ние ќе се фокусираме на нашата игра. Притисокот е тука да се победува и сакаме да победиме против Вулверхемптон. Секогаш е така, не можете да размислувате кој е пред вас, туку само на следниот противник“, вели Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гордон блеска за Барселона со првиот гол

Барселона продолжува со победничката серија во Ла Лига, а Ентони Гордон го постигна својот…