Дома Фудбал Англија Клоп: Окс е на добар пат да го покаже целиот свој потенцијал

Клоп: Окс е на добар пат да го покаже целиот свој потенцијал

Алекс Окслејд Чемберлејн ова лето одлучи да го напушти Арсенал и премина во редовите на Ливерпул, но до сега не ги оправда очекувањата.

На последниот натпревар за Црвените, брзоногиот Англичанец одигра одлично. Ливерпул го совлада Борнмут со 4:0, а Окс запиша асистенција и го одигра целиот натпревар, што не зачудуваат добрите коментари од страна на Јирген Клоп.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


„Тој е на добар пат. Ми се допаѓа, има неверојатно огромен потенцијал, што не го покажува секогаш.“ – изјави Клоп за официјалниот сајт на Ливерпул.

„Се надевам дека ќе остане спремен, тоа е најбитната работа. Може да биде повеќе решителен во некои ситуации. Понекогаш повеќе игра на средината отколку напаѓач – има многу работи кои може да ги подобри. Навистина сум среќен поради него.“ – додаде тренерот на Црвените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид му забрани на Мбапе да игра на Олимписките игри

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе потврди дека нема да игра за францускиот олимписки тим …